Bag om Поклонување во Духот и Вистината(Macedonian Edition)
Во Стариот Завет, во книгата за Левит, се претставени најситните детали за богослужбата и поклонението. Некои луѓе кажуваат дека, поради фактот што тука се запишани законите за понудите кон Бога, во времето и на начинот којшто се применувал во Стариот Завет, оваа Книга е небитна за нас денес. Но, ова тврдење не може да биде точно, поради тоа што значењето на законите од Стариот Завет, коишто се однесуваат на богослужењето, се вткаени во начините на коишто ние денес ја извршуваме богослужбата. Обожувањето и поклонението, исто како и во времињата на Стариот Завет, исто така и во времињата на Новиот Завет, претставува патека по којашто можеме да го сретнеме Бога. Единствено ако го следиме духовното значење на законите за понудата од Стариот Завет, коишто биле безгрешни, ќе можеме да го извршуваме обожувањето и во времињата од Новиот Завет, во духот и во вистината.
Vis mere