Bag om Против Таквите Нешта Не Постои Закон(Macedonian)
Христијаните се здобиваат со вистинската слобода носејќи ги плодовите на Светиот Дух, против кои не постои закон.Секоја личност мора да ги почитува и следи правилата и одредбите во некои одредени ситуации. Ако луѓето ги чувствуваат овие закони како еден вид на окови и врзување, тогаш тие ќе се чувствуваат оптоварени и во болка поради нив. А самиот факт што тие се чувствуваат оптоварени настојувајќи да достигнат расипништво и неред, ни кажува дека тие не се слободни. По нивното препуштање на таквите нешта, тие остануваат само со чувството на суетност и празнина, за на крајот да увидат дека ги очекува вечната смрт. Вистинската слобода значи да се ослободиме од вечната смрт и од сите солзи, тага и болки. Тоа исто така значи и можност да се контролира првобитната природа којашто ни ги дава таквите нешта и здобивањето со сила за да можеме да ги потчиниме. Богот на љубовта не посакува ние да страдаме на тој начин и поради таа причина Тој ги има запишано во Библијата начините на коишто можеме да уживаме во вечниот живот и вистинската слобода....
Vis mere